Забавна журналистика! (ФОТО) ТЕАТАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА СИ ЕБА МАЈКАТА, ГО ДОСТИГНА НАЈГОЛЕМОТО ДНО, АКТЕРИ ПО ГОЛ ГОЛ КУР И АКТЕРКИ ПО ГОЛ ГАЗ ГО ОТВОРИЈА ФЕСТИВАЛОТ ...

Уникално четиво е написал журналист от откриването на фестивал в Битоля! Прочетете го!

 

Дали некој од публиката ја разбра пораката што режисерот сакал да ја испрати со голотиите кои дефилираа пред високите гости, меѓу кои беше и претседателот Ѓорге Иванов, останува да се види од коментарите кои ќе следат. Како и да е, гостите, особено тие од првите редови, беа видно изненадени

Актери и актерки угол голи, со размавтани гениталии пред преполна сала и пред видни гости, како за отворање на ноќен кабаре клуб, наместо на фестивал со светско реноме, настапија во контроверзен перформанс на сцената на Центарот за култура во Битола, каде вечерва почна 37. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.

Во перформансот учествуваа актери од Битолскиот и Прилепскиот театар, студенти од Факултетот за драмски уметности, како и гимназијалци од Битола. Режијата е на Мартин Кочовски. Публиката во Центарот за култура речиси занеме кога на бината се појави актер сосема гол, кој парадираше низ целата сцена. Неговата голотија не беше единствена, па и дел од актерките се расоблекоа на сцената.

Дали некој од публиката ја разбра пораката што режисерот сакал да ја испрати со голотиите кои дефилираа пред високите гости, меѓу кои беше и претседателот Ѓорге Иванов, останува да се види од коментарите кои ќе следат. Како и да е, гостите, особено тие од првите редови, беа видно изненадени од тоа што го гледаат на сцената.

Освен перформансот, кој се емитуваше во живо и на МТВ, отворањето беше проследено и со пригодни говори, како и врачување на наградата за животно дело „Златна камера 300“. Годинава ова највисоко признание што се доделува на фестивалот, му припадна на оскаровецот и кименатографер од Австралија, Џон Сил. Нему наградата му ја врачи лично претседателот Ѓорге Иванов.

Иванов, воедно се обрати до публиката и го прогласи фестивалот за отворен.

– Се соочивме со речиси сите предизвици со кои може да се соочи една држава – со победи и падови, со успеси и порази. Кој и да го прочита сценариото за Република Македонија ќе види дека воопшто не ни беше здодевно во овие 25 години. Но има еден аспект од незавиноста со кој речиси никогаш немавме проблем, а тоа е полето на филмската уметност. На ова поле имавме импресивно филмско резиме – истакна Иванов во своето обраќање.

Извор : Телеграф.МК


Популярни тагове

Няма добавени коментари.

Добави коментар: